Во Белград средба Додик- Николиќ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека утре во Белград ќе има официјална средба со српскиот претседател Томислав Николиќ. Според Додик тие ќе разговараат за соработката и отворените прашања меѓу Република Српска и Србија. Додик и Николиќ треба да разговараат за активирање на Советот за имплементација на Договорот за специјални и паралени врски меѓу Република Српска и Србија.