НАСА го доби првото видео од Марс

Возилото на НАСА ,,Круриозити,, ја испрати првата видео снимка од последните 150 секунди од неговото спуштање низ атмосферата на Марс. Научникот од НАСА Мајкл Мејлин изјави дека станува збор за видео со мала резолуција и оти за поквалитетни снимки ќе биде потребно извесно време. На возилото ќе му требаат неколку недели пред да ја почне главната мисија, собирање примероци на површината на Марс за да се утврди дали на оваа планета имало микроскопски организми.