Напаѓачот во храмот на сиките во САД бил расист

Убиецот кој во еден храм на сиките во Висконсин уби шест луѓе пред да биде застрелан од полицијата бил неонацист кој имал расистичка панк група. Станува збор за 40 годишниот Вејд Мајкл Пејџ, поранешен специјалист за психолошки операции во американската армија од која бил отпуштен во 1998 година.