Изгаснати сите пожари на територијата на Македонија

Моментално нема активни пожари на територијата на Р Македонија,соопшти дирекцијата за заштита и спасување.Вчера во реонот на Кочани, кај селото Ново Село околу 13 часот и 30 минути се запали нискостеблеста шума. Во попладневните часови, пожарот беше целосно изгаснат.Исто така во реонот на Гевгелија и Валандово се појави пожар на нискостеблеста шума и сува трева во 16 часот. По кратка интервенција, пожарот е целосно изгаснат.Во реонот на Крива Паланка во 17 часот се појави пожар на отворен простор но по брзата интервенција на противпожарната единица од Крива Паланка пожарот е целосно изгаснат. Пожарите кои се појавија и во општина Струга во атарот на селото Октиси и во тетовско-гостиварскиот регион целосно се изгаснати.