Британска банка ги отфрли обвинувањата за перење пари за Техеран

Банката со седиште во Лондон за која САД посочија дека имала деловни релации со Техеран ги отфрли таквите обвинувања со објаснување дека имала соработка со американски компании. Во писмена изјава од официјални претставници на Стандард Чартед Банката се наведува дека имала соработка со американски агенции во јануари 2010 и дека ги затворила трансакциите со Иран од 2001 до 2007. Банката наведува дека има документи кои може да потврдат со кого соработувала. Банката објави дека е изненадена од обвинувањата кои дојдоа од Њујоршкиот државен финансиски сервис,а според кои Банката соработувала со иранската влада и оти бил направен трансфер на 250 милијарди долари од 2001 до 2007.