Албанскиот парламент не го усвои ограничувањето на имунитетот

Албанскиот парламент одби да го усвои законот со кој се ограничува правосудниот имунитет на народните пратеници и владините претставници што е еден од условите за евентуално членство на таа земја во ЕУ. Албанија која е членка на НАТО поднесе во 2009 година барање да и се овозможи статус кандидат за членство во Унијата.