Грчката Влада изготвува нацрт-закон за забрзување на приватизацијата

Грчката Влада изготвува нацрт-закон за олеснување и забрзување на приватизацијата, изјави министерот за финансии Јанис Стурнарас по средбата во Атина на коалициските партнери Андонис Самарас, Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис. Нацрт-законот ќе вклучува 77 законски решенија, но се уште нема јасни рокови кога тој ќе биде доставен до Парламентот. Стурнарас истакна дека не е поставена цел во однос на овогодишните приходи од приватизацијата.