Србија назначи нов гувернер на Народната банка

Јоргованка Табаковиќ, нов гувернер на Народната банка на Србија.

Собранието на Србија денеска ја избра Јоргованка Табаковиќ за нов гувернер на Народната банка. Табаковиќ доаѓа на местото на Дејан Шошкиќ кој поднесе оставка минатата недела, откaко беше донесен закон со кој се засили контролата на владата над банката. Закон предвидува Собранието да назначи надзорен орган кој ќе биде дел од извршниот одбор на банката. ЕУ ја предупреди Србија дека законот е „чекор назад“ на патот на евроинтеграциите и дека со тоа се поткопува автономијата на банката. Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека законот ќе има последици врз договорот за кредит кој требаше Србија да го добие, но сега е замрзнат.