Трговскиот дефицит до јуни 1,25 милијарди долари

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2012 година, изнесува 1,25 милијарди долари. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија за овој период изнесува 1, 93 милијарди долари, а на увозот 3,18 милијарди долари.

Македонија најмногу извезува фероникел, катализатори на носачи со благородни метали или нивните соединенија, преработки од нафта, производи од железо и челик (валани производи) и облеката.

А најмногу увезува сурова нафта, електрична енергија, автомобили, руди на никел и нивни концентрати и платината и легурите на платина, необработени или во прав.

Македонија најмногу извезува во земјите-членки на ЕУ 27 и земјите од Западен Балкан, а најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија.

Извозот за периодот е опаднат за 10,5%, додека увозот опаднал со поспоро темпо и процентот на намалување е 7,3%.