Русија мобилизира луѓе за гаснење на пожарите

Рускиот премиер Дмитри Медведен денеска нареди да се мобилизираат уште луѓе и да се обезбеди уште опрема и пари за справување со шумските пожари во Сибир и во крајните источни објасти на земјата. Министерот за итни ситуации на Русија соопшти дека тоа се најлошите пожари во регионот Краснојарск. Пожарот досега зафати околу 1, 4 милиони хектари. Пожари има и во централен Сибир, на планината Урал и блиску до границата со Монголија. Повеќе од 210 илјади работници и 45 илјади пожарникарни возила работат на гаснење на пожарот. Во гасењето на пожарот се вклучени и 180 авиони и хеликоптери.