Казахстан- осум луѓе осудени за тероризам

Судот во Казахстан денеска осуди осум луѓе за тероризам и за членување во терористичка организација. Судот во градот Орал ги осуди мажите на казна затвор од 6 до 9 години. Тие се осудени за подготовка на терористички акции со цел да се собори власта. Во последните неколку месеци во земјата имаше неколку инциденти за кои беа обвинети религиозни екстремисти.