Хирошима 67 години по атомската бомба

Во јапонскиот град Хирошима денеска се одбележува 67-годишнината од првиот напад со атомска бомба во историјата. Десетици илјади луѓе, вклучувајки и преживеани, официјални претставници и странски делегации, се собраа во меморијалниот парк во близина епицентарот на експлозијата во која загинаа околу 140.000 луѓе. Градоначалникот на Хирошима, Казуми Матцуи изјави дека Јапонија треба да биде лидер во напорите за разоружување во светот, нагласувајки дека инцидентот во нуклеарната централа Фукушима во минатата година, ја покажува опасноста од нуклеарната технологија дури и за мирољубиви цели.