Затегнати односите Египет - Израел - Хамас

Египетскиот претседател Мухамед Морси најави дека Египет ќе превземе целосна контрола врз Синај, откако беше нападнат контролен пункт на израелско – египетската граница, при што беа убиени 16-мина граничари. Израел соопшти дека напаѓачите потоа со две возила упаднале на израелска територија, по што интервенирала израелската армија и со борбени авиони ги елиминирала напаѓачите. Според египетски безбедносни претставници, напаѓачите биле џихадисти, кои се инфилтрирале од Појасот Газа. Овој инцидент ќе ги компликува односите на Каиро со милитантната група Хамас, со која партијата на претседателот Мурси, Муслиманското братство. имаше блиски односи.