Шестмина убиени во САД

Шестмина загинале во напад на вооружено лице во сојузната држава Висконсин. Напаѓачот бил убиен во престрелката со полицијата. Инцидентот се случил во верски објект, пред почетокот на церемонијата во неделата. За сега нема детали за идентитетот на вооружениот напаѓач.