Над 20 загинати во Турција

Дваесет и две лица загинаа во судирите меѓу турските воени сили и бунтовниците од Курдската работничка партија во југоисточна Турција. Шест војници, двајца селски чувари и 14 курдски бунтовници загинале, а 15 војници се ранети при напад на бунтовниците врз воен пункт во село во округот Хакари, во близина на границата со Ирак.