Топлотниот бран продолжува до среда

Топлотниот бран со кој е зафатена Македонија продолжува и наредните денови до среда кога ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со висока вредност на УВ индексот.

Како што соопшти Министерството за здравство за утре се очекува поголем дел од државата да биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата фаза, освен во јужниот регион (Штип, Струмица, Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Радовиш и Демир Капија) каде се очекуваат температури кои ја дефинираат портокаловата фаза, односно фаза на топлотен бран, каде постои опасност по здравјето на луѓето од многу топлото време.