Иванов му пиша на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот на Ѓорге Иванов му испратил писмо на рускиот претседател Владимир Путин по повод 20-годишнината од признавањето на Република Македонија од страна на Руската Федерација. Во писмото на Иванов се наведува дека одлуката да се признае една штотуку осамостоената држава, во критично време e од историско значење за Македонија.

„Тоа беше одлука која го олесни процесот на меѓународно признавање на државноста, самостојноста и пошироката афирмација на Република Македонија во меѓународната заедница“стои во писмото.

Со задоволство можам да констатирам дека вкупните односи и соработката меѓу двете пријателски земји континуирано и успешно се градат, унапредуваат и продлабочуваат. Денес, нив ги карактеризира исклучително високо политичко ниво и развиена соработка во голем број области, изградена правна рамка на билатерални документи, дух на пријателство, меѓусебно разбирање и заемно почитување што е во согласност со долгата историска, духовна и културна, традиција меѓу нашите народи, како и економските интереси чие зацврстување е заеднички императив, вели Иванов во писмото до Путин.