Единствениот сириски космонаут пребега во Турција

Алепо.

Сирискиот воен пилот и првиот сириски космонаут Мухамед Ахмед Фарис пребегнал во Турција, јавија трските медиуми. Новинската агенција Анадолија извести дека, пред да пребега во Турција, Фарис бил во посета на седиштето на Слободната сириска Армија во Алепо во знак на солидарност со бунтовничките сили кои се борат против војници на Асад. Фарис е роден во Алепо, каде во моментов се водат жестоки борби. Тој беше делод Советскиот екипажот на вселенска станица Мир во 1987 година.