Турција- во борбите со курдските бунтовници 19 жртви

Во борбите меѓу турските војници и курдските бунтовници денеска загинаа 19 луѓе, во југоисточниот дел на Турција, изјави еден владин претставник. Гувернерот на провинцијата Хакари изјави дека во борбите загинале 6 војници, двајца цивили и 11 курдски бунтовници. Во нападот биле повредени 15 војници. Борбите уследија откако бунтовниците нападнаа една воена база во провинцијата Хакари. Курдските бунтовници изведоа слични напади во курдскиот регион на Турција, по што владата почна офназива во која учестуваат повеќе од 2. 000 војници.