Над 40 Иранци киднапирани во Сирија

Дамаск

Претставник на Иранската амбасада во Сирија изјави дека 48 ирански иселеници биле киднапирани од автобус во Дамаск. Мажид Камџоу во изјава за иранската државна телевизија вели дека автобусот бил нападнат од вооружена група на пат кон аеродромот. За сега нема дополнителни информации за инцидентот. Сиријските власти трагаат по киднаперите.