12 милиони туристи ја посетиле Турција

Во првите шест месеци од оваа година Турција ја посетиле 12 милиони туристи, со што земјата се вбројува во групата на водечки туристички дестинации веднаш зад Италија, Франција и Шпанија, јави турската агенција Анадолија. Според податоците на турското Министерство за култура и туризам, туристите најчесто посетуваат седум региони во Турција, при што најпосетен е Истанбул, кој во првата половина од годината привлекол 4,2 милиони посетители. Најголемиот број од странските туристи во Турција потекнуваат од Германија, а по нив следуваат Русите и Британците.