Австралиски веслач предизвика инцидент во Лондон

Австралискиот веслач Џош Бут е исклучен од олимпискиот тим на неговата земја и вратен дома, откако предизвика инцидент во Итон Дорни во околината на Лондон каде се одржуваат натпреварите во веслање. Бут во пијана состојба ги искришил стаклата на излозите на две продавници, предизвикувајќи материјална штета од 1.400 фунти. По ова интервенираше полицијата и тој беше уапсен, но подоцна и ослободен без обвинување, откако најави дека ќе ја плати целата штета на сопствениците на продавниците.