Топлотен бран од прва фаза ќе ја зафати Македонија

Топлотен бран од прва, односно жолта фаза утре ќе ја зафати територијата на целата држава, соопшти Министерството за здравство согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи. Според Акцискиот план, здравствените институции во државата се подготвени за обезбедување здравствена заштита на евентуалниот зголемен број на пациенти поради влијанието на високите температури. Министерството информира дека остануваат да важат општите препораки за заштита на здравјето на населението од високите температури: во текот на ваквите екстремно топли денови, да се остане во затворени простории а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа.