Над 100 настрадани во поплавите во Северна Кореа

Севернокорејската државна новинска агенција јави дека 169 лица настрадале во поплави низ земјата, додека 400 се водат за исчезнати. Според медиумот, поројните дождови ги предизвикале поплавите кои уништиле 65.000 хектари земјоделски поседи, додека 200.000 лица се без покрив над глава.