Иран изврши тест на балистичка ракета со краток дострел

Иранските власти соопштија дека извршиле успешен тест на балистичка рекета со краток дострел. Како што информира иранскиот министер за одбрана, бригадниот генерал Сардар Ахмад Вахиди армијата успешно лансирала ракета од типот Фатех-110, која има дострел од 300 километри. “Оваа ракета може без грешка да погоди цели во вода, што ја прави најпрецизното оружје од тој вид во воениот арсенал на Иран” дополни Вахиди.