Уапсени осомничени терористи во Бугарија

Бугарските власти соопштија дека уапсиле двајца осомничени терористи по кои Интерпол има распишано потерница. Станува збор за 47 годишен жител на Чеченија и 29 годишен држајанин на Турција кои биле уапсени во две одвојни акции на бугарската гранична полиција во петокот. Осомничените биле уапсени во петокот при обид да влезат во земјата од Романија.