САД: повеќе нови работни места, но и поголема невработеност

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама денеска прими две различни вести за економијата во земјата. Имено, во минатиот месец биле отворени нови 163 илјади работни места, но во истовреме, се покачила и стапката на невработеност на 8,3 од 8,2 насто. Тоа, според експертите, сепак би можело да му помогне на Обама во претседателска кампања во која неговиот републикански ривал Мит Ромни го критикува за лошата состојба на американското стопанство. По овие вести почнаа да растат акциите на берзите во Њујорк.