Анан поднесе оставка на функцијата специјален претставник за Сирија

Кофи Анан.

Кофи Анан поднесе оставка на функцијата специјален претставник на ОН и на Арапската лига за Сирија. Генералниот секретар на Бан Ки Мун соопшти дека Анан го информирал него и Арапската лига за неговата намера да не се обнови неговиот мандат кога ќе истече на 31 август годинава.
Анан во јуни рече дека неговиот мировен план со кој требаше да се стави крај на насилството во Сирија не се имплементирал и за неуспехот на мировниот план првенствено ја обвини владата на сирискиот претседател Башар ал Асад. Бан Ки Мун рече дека се во постојани консултациите со Арапската лига за да се назначи наследник на Анан.