Путин и Камерон разговараа за Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Дејвид Камерон.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Лондот разговараше со британскиот премиер Дејвид Камерон за ситуацијата во Сирија. Русија и Британија имаат различни ставови околу пристапот за ставање крај на насилство во Сирија. По нивниот состанок, Камерон изјави дека двете земји се уште имаат различни ставови за тоа како најдобро да се справат со борбите на Блискиот Исток. Камерон рече дека и покрај разликите двете земји сакаат да се стави крај на крвопролевањето во Сирија. Путин по средбата рече дека се согласиле да соработуваат во потрага по решенија за сириското прашање. Рускиот лидер рече дека тој и Камерон им дале инструкции на нивните министри за надворешни работи за “дополнителен импулс“ во напорите да се стави крај на борбите во Сирија.