ЕЦБ ќе направи се што е потребно за спас на еврото

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги.

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги изјави дека банката е решена да ја поддржи борбата за спас на еврото. Тој на денешната прес-конференција рече дека ќе дадат поддршка да се направи се што е потребно да се зачува еврото како стабилна валута. Драги сепак рече дека германската Централната банка има резерви кон купувањето на државни обврзници што е еден начин за решавањето на должничка криза во еврозоната. Претседателот на Европската централна банка рече дека ќе излезе со повеќе мерки за поддршка на еврото во текот на наредните недели. ЕЦБ кој ја одредува цената на задолжувањето за 17-те земји кои го користат еврото, ја смали каматна стапка од еден процент на 0,75 проценти минатиот месец , во обид да се намалат трошоците за позајмување и да се стимулира економската активност.