„Стандард енд пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Кипар

E

Меѓународната рејтинг агенција „Стандард енд пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Кипар од „ББ плус“ на „ББ“ и ја стави под мониторинг оценката за земјата, за која е прогнозирана негативна перспектива, јавуваат грчките медиуми.
„Стандард енд пурс“ оценува дека Кипар има потреба од финансиска помош од околу 60 проценти од Бруто домашниот производ на земјата за рекапитализација на кипарските банки, за да може да се носи со идните загуби и да ги исполни условите за кредитирање во периодот 2012-2014 година.