Пакистан и САД ќе соработуваат против екстремистичките милитанти

По подолга пауза новиот шеф на Агенцијата за разузнавање на Пакистан се сретна со неговите колеги од американското разузнавање во Вирџинија.
До разговорите доаѓа откако двете земји бараа да се обнови соработката во борбата против екстремистичките милитанти. Генерал-полковник Захер ул-Ислам е првиот шеф од службите за разузнавање на Пакистан кој годинава доаѓа во Соединетите Држави. Од службата за односи со јавноста на пакистанската агенција за разузнавање соопштија дека Ислам патува во САД за да се сретне со директорот на ЦИА Дејвид Петреус. Засега ниту од ЦИА ниту од амбасадата на Пакистан во Вашингтон не се соопштуваат детали. Средбата доаѓа откако по подолг застој Исламабад неодамна ги отвори патишта низ територијата на Пакистан за конвоите на НАТО за снабдување на странските војници во Авганистан.