Украинци и Полјаци се евакуираат од Сирија

Властите во Украина и Полска соопштија дека 140 Украинците и 14 Полјаците ќе се евакуираат од сирискиот град Алепо со украинскиот воен авион. Според украинското Министерство за надворешни работи, авионот од Алепо до Kиев треба да полета денеска. Официјалните лица соопштија дека повеќе од луѓето кои ќе се евкуираат се жени кои биле во брак со Сиријци и нивните деца. Украина започна со евакуација на своите граѓани од Сирија на 26 јули поради ескалацијата на борбите меѓу сириската армија и бунтовниците