Струјата и парното поскапеа

Цената на струјата од денеска се зголемува за 9,83 проценти. Сметките за струја со новата повисока цена потрошувачите ќе ги добијат во септември, а ќе се однесуваат за потрошената електрична енергија во август. Од денеска стапува во сила и новата цена на топлинската енергија. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената за корисниоците на Топлификација АД се зголемува за 3,88 отсто, на Скопје Север за 3,75 отсто. Непроменета останува цената на ЕЛЕМ енергетика. Донесени се и новите правилници за топлинска енергија според кои сите корисници треба да се вклучат во системот, а потоа доколку сакаат да се исклучат мора да добијат согласност од станарите.