Тешка ситуација во најголемиот сиријски град Алепо

Во најголемиот сиријски град Алепо веќе единаесетти ден се водат борби меѓу бунтовниците и силите на режимот на претседателот Башар ал Асад. Сиријската војска се обидува да ја врати контролата врз квартовите кои ги имаат осовоено бунтовниците. Притоа, како што јавуваат новинските агенции, војската стрелала од хеликоптери не само врз позициите на бунтовниците, туку и врз цивилите. Се додава дека во градот има недостиг на храна и оти жителите се обидуваат да избегаат од нивните домови. Аналитичарите сметаат дека повторното воспоставување на контролата врз Алепо е клучно за опстанокот на режимот на Асад.