Ердоган: Турција решителна против заканите од Сирија

Tурскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

,,Во момент кога ѕверствата на режимот на Башар ал Асад продолжуваат во северна Сирија, ние треба да посветиме внимание и да размислиме за тоа дека постојат обиди да бидеме ставени пред свршен чин, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во месечното обраќање до нацијата, додавајќи дека Турција е подготвена да преземе решителни чекори против секое дејствие и секоја иницијатива, кои ќе претставуват закана за нејзината национална безбедност и нејзиниот мир. Анкара е загрижена поради тоа што некои региони во северна Сирија сега ги контролира Партијата на демократскиот сојуз, која се смета за сириски клон на Курдската работничка партија.