Клинтон во посета на африканските земји

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пристигна во Сенегал, од каде ја започнува африканската турнеа, за време на која ќе ги посети Јужен Судан и Јужна Африка. Фокусот на посетата ќе биде на демократските остварувања на африканските земји како и нивниот економски потенцијал. Се очекува Клинтон да ги промовира американските програми за образование и превентива на ХИВ/СИДА. Посетата на државниот секретар се случува во услови на зголемени закани на континентот од исламистички милитанти и нарко-картели.