Македонската група во Конгресот сега брои 12 члена

Американскиот конгресменот од Њу Џерси, Крис Смит

Американскиот конгресменот од Њу Џерси, Крис Смит e новиот 12-ти член на македонската група во американскиот Конгрес. Смит е претставник на четвртата конгресна област во Њу Џерси, дом на голем број на македонски иселеници во САД. Освен тоа, Стим е претседател и на aмериканската Хелсиншката комисија и член на Комитетот за надворешни работи на Претставничкот дом на американскиот Конгрес. Минатата недела и републиканскиот конгресмен Стив Стајверс од Охајо стана член на македонската група во Конгресот. Смит беше еден од 54 конгресмени, потписници на писмо до американскиот претседател Барак Обама, во кое се побара членство на Македонија во НАТО на самитот во Чикаго