Македонија и земјите од Бенелукс ќе преземаат лица со незаконски престој

Гордана Јанкулоска.

Македонија и државите од Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург) вчера го официјализираа Протоколот за преземање на лица со незаконски престој.

Како што се наведува во денешното соопштение од МВР, писмото потпишано од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на претставниците на Бенелукс им го предаде амбасадорот Никола Димитров.

Усогласениот текст на Протоколот, како што посочуваат од МВР, ги уредува прашањата поврзани со реадмисијата на државјаните на договорните страни, назначувањето на надлежните органи, постапката во врска со барањата за преземање, издавањето на патните документи за одреденото лице, постапките за преземање и транзитирање, обврските за придружбата, граничните премини, трошоците, како и низа други аспекти значајни за овие прашања.