Вдовицата на Арафат поднесе тужба за убиство на нејзиниот сопруг

Поранешниот палестински лидер Јасер Арафат.

Вдовицата на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат денеска поднесе формална тужба за убиство на нејзиниот сопруг. Тужбата е поднесена против непознат сторител. Во соопштението издадено преку нејзиниот француски адвокат, Суха Арафат вели дека не покажува со прст на некоја држава, група, или поединец. Таа вели дека нејзина цел е да се утврди вистината за она што се случило со нејзиниот сопруг.
Минатиот месец, една швајцарска лабораторија, изјави дека пронашле покачено ниво на полониум на предметите кои му припаѓале на Арафат. Супстанцијата пронајдена кај предметите на Арафат е иста како и кај поранешниот руски офицер за безбедност Александар Литвиненко кој беше убиен во Лондон во 2006 година. Арафат почина на 11 ноември 2004 година во воена болница во близина на Париз. Француските лекари соопштија дека причина за смртта е мозочен удар и проблеми со крвта но не кажаа што ги предизвикало тие состојби.