Армијата го напаѓа Алепо, бунтовниците пријавуваат успех

Сиријски бунтовници во Алепо.

Сириските владини сили и денеска користат хеликоптери и артилерија против бунтовниците во Алепо и покрај растечка загриженост за ситуацијата на цивилното население таму.
Бунтовниците, пак, соопштуваат дека трупите лојални на претседателот Башар ал-Асад биле принудени да се повлечат од клучните области на градот. Бунтовниците велат дека тие сега контролираат една област, која го опфаќа источниот и југозападниот дел на градот, но нивните искази не можат да бидат независно потврдени.
Битката за Алепо, град со повеќе од 2 милиони жители, стана клучен тест за двете страни.
Обединетите нации во меѓувреме соопштија дека илјадници жители побегнале од градот или се засолниле на побезбедни места.