Украина- контроверзниот закон за јазик помина уште една бариера

Законот предизивика тепачки меѓу пратениците.

Претседателот на украинскиот парламент го потпиша контроверзниот нацрт-закон кој на рускиот јазик му дава статус на „регионален јазик“ во 13 од 27 региони во Украина, соопшти парламентарната прес-служба. Законот кој пратениците го одобрија на 3 јули, треба сега да биде потпишат од претседателот Виктор Јанукович. Претседателот на Парламентот претходно одби да го потпише Законот и побара пратениците да го ослободат од неговите должности како дел од протестот против децентрализацијата. Парламентoт го отфрли барањето на собранискиот спикер. Усвојувањето на нацрт-законот предизивика тепачки меѓу пратениците и масовни протести во Киев и во другите градови. Законот исто така, дава статус на „регионален јазик“ на кримско-татаркиот во Крим, на романскиот во областа Черновци и на унгарскиот во регионот Закарпатија.