Салиу- штетата од пожарите како никогаш досега е минимална

Илустрација.

Aктивни пожари има во Ресен во областа Рудине меѓу селата Љубојно и Долно Дупени, во Валандовско каде e локализиран, потоа на регионалниот пат Струмица-Валандово, a пожарот во Струмица е ставен под контрола, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
На прашањата зошто Дирекцијата не реагираше со авионите за пожарот во Ресен, Салиу рече дека станувало збор за населено место со електрична инсталација и фрлањето вода ќе претставувало опасност за месното население, како и тоа дека во ноќните часови авионите на Дирекцијата не може да делуваат.
Според Салиу, штетата од пожарите како никогаш досега е минимална.
Според податоците од Дирекцијата за заштита и спасување, лани имало 523 шумски пожари, а изгореле 17.300 хектари. Годинава, до денеска има 344 пожари и 2.166 изгорени хектари површина.