Ахмадинеџад- санкциите од Запад се „смешни“

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги отфрли западните санкции врз нафтениот сектор на Иран и ги опиша како „смешни“. Коментарите на Ахмадинеџад уследија откако американскиот Конгрес вчера го поддржаа новиот сет на финансиски и економски санкции против Иран со цел да се притисне земјата за неговата нуклеарна програма. Ахмадинеџад рече дека Иран треба да го продаде повеќе рафинирани нафтени производи за да се спротивстави на санкциите. Европската унија каде се извезува околу 19 проценти од иранската нафта ги стопираше сите договори со Иран за извоз на нафта. Вашингтон врши притисок и врз азиските земји, како Индија и Јужна Кореја да го запрат увозот на иранската нафта.