Процесот против Тимошенко повторно одложен

Денеска во Каркив повторно беше одложен судскиот процес против поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко за затајување данок. Тимошенко побара да не присуствува на процесот поради влошената здравствена состојба. Обвинителите денеска побараа таа да биде вклучена преку видо линк, но нејзините адвокати го отфрлија тој предлог. Ново рочиште е закажано за 14-ти август. Тимошенко е на издржување затворска казна за злоупотреба на службената положба, обвинение, кое според многумина беше политички мотивирано.