Телефонски разговор Обама - Ердоган за кризата во Сирија

Американскиот претседател Барак Обама разговарал по телефон со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за напорите за политичка транзиција во Сирија. Во соопштението од Белата Куќа е наведено дека транзицијата треба да вклучува и заминување од власта на сиријскиот претседател Башар Ал Асад. Во меѓувреме, Обединетите Нации соопштија дека десетици илјади луѓе биле принудени да го напуштат градот Алепо поради жестоките борни меѓу владините сили и бунтовниците.