Панета во посета на Каиро

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета, денеска во Каиро треба да разговара со египетскиот претседател Мухамед Морси и со воениот лидер Мухамед Хусеин Тантави. Утре, Панета планира да го посети и Израел, чии лидери разгледуваат и воени опции против Иран со цел да биде спречен да произведе нуклеарно оружје. Вашингтон настојува да им се даде повеќе време на санкциите и дипломатските напори да вродат со плод.