Активни неколку пожари низ Македонија,но со помал интензитет

Во Валандовско се уште се активни, но со помал интензитет, двата пожари кои избувнаа во попладневните часови во атарот на селата Казандол и Дедели. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, пожарот помеѓу селата Љубојно и Долно Дупени е реактивиран. Поради близината на пожарот до првите куќи на село Долно Дупени, луѓето од овие домови се евакуирани. Под контрола е ставен пожарот над Струмица на м.в.Двата пата, а на регионалниот пат Струмица-Валандово распоредени се екипи од Територијалната противпожарна единица Струмица, Валандово и Радовиш со по едно противпожарно возило. Под контрола е ставен и пожарот кај село Нивичино.