Понта го предупреди Басеску да престане со заканите

Суспендиарниот претседател на Романија Трајан Басеску

Романскиот премиер Виктор Понта го предупреди суспендираниот претседател Трајан Басеску веднаш да престане со заканувачките изјави за државен удар и со заканите врз институциите и луѓето кои гласаа на референдумот. Понта рече дека владата нема да ги толерира таквите закани и оти ќе преземе мерки.Тој реагираше на изјавата на Басеску дека тие што организирале неуспешен државен удар ќе мора да одговараат пред државните институции.