Времето денеска- претпладне сончево,попладне нестабилно

Времето во Mакедонија претпладне ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови за изолирана појава на невреме со град.
Темепратурата ќе се движи од 26 до 37 степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за изолирана појава на невреме со град.
Температурата ќе достигне до 33 степени.